Примена на измените во законот: полицијата ќе го одземе моторот ако ви е истечена регистрацијата

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Согласно проценката на полицијата за воведување сообраќаен ред и намалување на сообраќајните прекршоци, од крајот на декември е започната примената на новите измени во законот за привремено одземање возило доколку регистрацијата е истечена повеќе од 6 месеци. Мерката важи и за моторите.

 

 

Возилата се одземаат на 90 дена.

 

 

Тони Ангеловски, портпарол и помошник министер за односи со јавност при МВР, од Тетово каде денес се спроведе нова засилена контрола во сообраќајот, истакна дека оваа мерка веќе е причина да се одземат возила.

 

 

-Но оваа мерка е, пред се, да ни помогне во санкционирањето на моторите коишто ја вознемируваат јавноста особено кога е топло времето. Имаа елементи кои се недозволени. Оваа мерка дозволува таквите возила да ги заплениме и соодветно санкционираме. Во претходниот период можевме едноставно да ја пишеме казната и продолжува тој несовесен возач. Сега имаме многу поригорозна мерка којашто многу ќе придонесе за таа појава да ја снема од улиците во државата, истакна Ангеловски.

 

Од крајот на декември, па досега, во тетовскиот регион се одземени 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи