Од ЈП „Македонија Пат“ известуваат дека поради интензивни врнежи од снег од 12.00 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – П. Шапка, а од 12.30 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец К. Паланка -граничен премин Д. Баир.
Воедно, се препорачува употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на патниот правец Тетово – П. Шапка.