Ќе се изработува детален урбанистички план за Општина Крушево

Обезбедени се средства за изработка на детален урбанистички план во општина Крушево во рамки на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови донесена од Владата на Република Северна Македонија на 16 јануари 2021.

 

Ова е продолжение на процесот на изработка на урбанистичките планови, по тековната изработка на генерален урбанистички план и изработка на планови за селата.

 

„Со овие процеси го продолжуваме процесот на решавање на многу проблеми на граѓаните, но и дефинирање на приоритети како, од урбанистички аспект, да се развива општината. Владата повторно ни’ излегува во пресрет и заеднички ја унапредуваме општината“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи