„Јавна соба“ повторно активна со порнографија и наркотици

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Скандалозната група „Јавна соба“ која ја вознемири целата македонска јавност лани е повторно активна. На социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, а според читатели на Бриф, преку неа се продава или во најмала рака се нуди дрога. Дел од девојките се и малолетнички. Членови на групата има од цела Македонија и се бараат податоци за девојки од сите градови.

 

 

Според споделените информации на социјалните мрежи, дел од фотографиите биле преземени од јавни профили, а дел биле поставувани од приватни профили и имале порнографска содржина. Сител ТВ објави дека 22-годишна девојка раскажала дека дознала од нејзин пријател кој ја предупредил дека во групата била објавена една нејзина фотографија од фејсбук, како и уште две експлицитни фотографии од девојка која наликувала на неа.

 

 

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена минатата година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни.

 

 

Полицијата и овој пат е известена за случајот. МВР денеска повика секој граѓанин што е жртва на злоупотреба од страна на членовите во оваа група да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството ќе преземе соодветни мерки.

 

 

Од Јавното обвинителство соопштија дека ќе постапуваат по случајот доколку е направено кривично дело.

 

 

„Што се однесува до новата група со слична содржина, Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело“, посочуваат од ЈОРМ.

 

 

Кривичниот закон предвидува високи затворски казни за делата кои се однесуваат на производство и дистрибуција на детска порнографија. Казните се движат од 5 до 8 години.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи