Македонија историски најлош рејтинг, „удавена“ во корупција – Албанија и Косово подобро рангирани од Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Транспаренси интернешнл во последниот извештај за перцепција на копруцијата забележа дека дека Македонија продолжува да паѓа на листата. Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата, Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови, со што бележи пад од 8 места во однос на последната година.

 

 

Транспаренси ги рангира државите според Индексот на корупција ( 0 до 100 поени), при што високиот рејтинг рефлектира мал индекс на перцепирана корупција. Со 35 поени, Македонија ја дели својата позиција со Босна и Херцеговина, Монголија и Панама. Со тоа, Македонија и Босна и Херцеговина се најлошо рангирани земји во регионота, а дури и Косово и Албанија имаат подобар рејтинг од нив.

 

 

Да потсетиме дека македонската влада постави вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси го издигна овој проблем во приоритетните за решавање во новиот мандат.

 

 

Сепак, повеќе од 1 година во Собранието не е донесена Национална стратегија за борба против корупција и спречување на судири на интереси, која  е изработена од Антикорупциската комисија.

 

 

Дали сме на правиот пат со битката со корупцијата? Кој е врвот на приоритетите?

 

 

За споредба, највисоко на листата веќе со години се: Данска, Нов Зеланд и Финска чиј индекс изнесува во просек околу 88 поени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи