Зенинчанката Селма Бориќ од песната на Бијело дугме „Селма“, почина на 92-годишна возраст. Веста ја потврди долгогодишниот пријател на Селма и поранешен фронтмен на култниот бенд, Жељко Бебек.
„Ова утро нејзиното семејство ме извести, бидејќи не ја посетив долго време поради короната. За жал, староста ја однесе, но таа заспа во мир и да остане така во мир. Замина мојата Селма. И натаму ќе пеам и ќе ја спомнувам пред публиката затоа што песната го носи нејзиното име, а песната опишуваше дел од нејзиниот живот, убав дел од нејзиниот живот. На тој начин ќе бидеме среќни да ја запомниме “, рече скршениот Бебек за Аваз. пренесува Дневник.хр.
Еве како во 2013 година Бебек и ја испеа во живо песната на Селма Бориќ.