Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 5 службеници во Општина Прилеп.
Се бараат:
Самостоен референт за административни работи, прибирање и обработка на податоци, Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со паричен нето износ на плата од 16.183,00 денари;
Соработник за подготвување на годишна сметка и финансиски извештаи и планови, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања, со паричен нето износ на плата од 23.564,00 денари;
Самостоен референт за уредување на просторот и заштита на животната средина, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, со паричен нето износ на плата од 16.183,00 денари;
Раководител на одделение за правни работи, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, со паричен нето износ на плата од 29.8510,00 денари и
Советник за спроведување на постапка за издавање на одобренија за градење, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната срединa, со паричен нето износ на плата од 16.298,00 денари.
Повеќе детали околу огласот ОВДЕ.