Во регионот, вакцинацијата против Ковид-19 се одвива со забрзано темпо. Србија е прва во Европа по бројот на вакцинирани. Досега се вакцинирани 450.000 граѓани, додека за имунизација пријавени се 850.000 лица. Денес, и Албанија ги добива првите дози вакцини што Албанија ги купи од компанијата „Фајзер“. Премиерот Еди Рама извести дека државата денес ќе добие дел од нарачаните 500 илјади дози.
Македонија, Косово, Црна Гора и БиХ останаа единствените земји во Европа каде вакцинацијата против Ковид-19 се уште не е почната.
Надлежните за набавка на вакцините најавуваа вакцини уште минатата година, но се уште во Македонија нема пристигнато ниту една доза.
„Во месец февруари нема да има масовни вакцинации туку прецизно организиран процес на вакцинација, односно ќе ја спроведеме првата фаза од Националната стратегија за ковид имунизација“, известуваат од Министерството за здравство.