ВИДЕО – Дрвокрадците пустошат кај селата Ореовец и Крстец, државата и полицијата не превземаат ништо

Жителите на прилепските села Ореовец и Крстец се жалат дека дрвокрадците со години им ги пустошат имотите, им ги сечат расадниците и им ја крадат приватната шума. Постојано пријавувале и во полиција и во шумската полиција, но велат дерка државата не превземала ништо за да ги заштити. Понекогаш се плашат и за својот живот. Велат дека дрвокрадците се вистинска организирана мафија која комплетно го испустила овој предел.

 

 

„Како да се случува втора Хирошима, се ни е уништено, имотите, приватната шума, расадниците, се“, вели Киро Трајкоски, жител на село Ореовец.


„Тука во селото имам хектари шума, а уништени ми се 1,5 хектари. Сега имам уште околу 400 кубни метри дрва и гарантирам дека ако продолжи вака и тие ќе ги снема за 1 месец
. Значи не помага ништо, нии полиција, ни шумска полиција, ни држава, никој“, додава Саво Николоски, жител на село Ореовец.

 

И додека снимавме во далечината можеа да се забележат луѓе со запрежни коли за кои жителите на овие две села велат дека ги крадат дрвата. Жителите обвинуваат дека дневно само од овој предел се краделе по околу 80-тина кубни метри на дрва. Со ова темпо велат дека за неколку години тука немало да остане ниту дрвце.

 

„Имав 2 хектари шума нема да најдете ниту дрвце. Ене слушнете и сега во овој момент се слушаат моторки како брчат. Ние им викаме, тие не им е гајле, собрани се повеќе мина се заккануваат, а можи и да те убијат“, истакна Лазо Јовески, жител на село Крстец.

 

„Во шумска полиција ми велат колата ни е расипана, не можеме да дојдеме, а се имам и директно во Скопје јавено. Во полиција се јавувам исто така. Има една госпоѓа од Битола кога вртам на 192, само што ќе ми го слушне гласот таа ми го исклучува телефонот“, потенцираше Киро Трајкоски, жител на село Ореовец.

 

Од шумската полиција признаваат дека дрвокрадството во прилепско е во пораст. Се пожалија дека не се доволно технички опремени, а немале ниту доволно возило за на терен. Исто така истакаа дека постојано добивале закани по живот од страна на дрвокрадците. Побараа воведување на поригорозни казнени мерки за дрвокрадците и законски измени во оваа сфера.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи