Општина Крушево заедно со општините Новаци и Могила добија вкупно 773 микрочипови за бездомни кучиња. Истите ќе бидат аплицирани на бездомните кучиња и со тоа продолжува процесот на идентификација и хуман третман на кучињата и безбедност за граѓаните.
Веќе неколку години по ред општина Крушево активно работи на овој проблем со ангажирање на изведувач кој се грижи за хуман третман на кучињата бездомници, а со тоа и безбедност на улиците во Крушево за граѓаните.
Микрочиповите се распределуваат на општините од страна на Агенција за храна и ветеринарство врз основа на одлука на Влада на Република Северна Македонија од 45-тата седница.