На 03.02.2021 година во 05.45 часот на улица „Беровска” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја приведоа Ј.Ш.(30) од Прилеп, за која била распишана потерница од Казнено поправната установа “Затвор Идризово” во Скопје.
Лицето било во бегство и истата се барало за доиздржување на казна затвор во времетраење од две години и четири месеци. Ј.Ш. ќе биде предадена во „Затвор Идризово”.