Угледниот економски магазин “Економист”, во најновиот глобален индекс на демократија ја стави Северна Македонија на 78. место, во групата на земји со “хибриден режим”.
Вкупната оценка во рангирањето изнесува 5.89 што претставува пад во однос на претходната година. Најниско оценети се “политичката култура” зо 3,13 поени од можни 10, и “функционирање на владата” со 5,71. Потоа следува “политичко учество” со 6,11 поени, “граѓанска слобода” со оценка 7,06 и највисоко оценета е “изборен процес и плурализам” со 7,42 поени од можни 10.
На листата нашата земја се наоѓа во групата со Бангладеш, Ел Салвадор, Украина, Молдавија… Најдобро рангирана е Норвешка со 9.81 поени од Можни 10, а најлошо е Северна Кореја со 1.08 поени.