ВИДЕО – Македонците во Бугарија под големи притисоци – Гоце Делчев е Македонец и не може да биде дел од никакви пазарења

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Гоце Делчев е Македонец, а Илинденското востание македонско. Тие се нераскинлив дел од историското наследство на Македонија и неможат да бидат дел од никакви политички пазарења. Се додека за Софија Македонија е Бугарија и македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, овој став ќе се смета за непријателски обид Македонија да стане држава без територија и народ. Ова беа едни од главните заклучоци на резолуцијата што ја донесе граѓанскато здружение „НЕ ИМА“ денеска во Прилеп, на одбележување на 149 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. На средбата беше предложено и помирување со Бугарија.

 

 

„И покрај се и после се предлагаме македонско-бугарско историско помирување со бугарското извинување за историските и општествените неправди врз македонскиот народ и македонските евреи за време на фашистичката окупација од 1941 година. Склучување на договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира взаемно почитување и разбирање и соработка по сите прашања“, истакна Илија Богатиноски, в.д. претседател на граѓанско здружение „НЕ ИМА“.

 

Поради пандемијата Македонците од дијаспората годинава не дојдоа на средбата, таа се одржа онлајн. Македонците од Бугарија истакнаа дека и понатаму трпат огромни притисоци од Бугарија, иако имаат 14 пресуди од судот во Стразбур во нивна корист. Премногу се разочарани и од Македонија која никогаш не се потрудила да ги заштити.

 

„Се уште имаме случаи на тормозење на наши членови и распрашување преку викање во полицијата, закани, македонското малцинство е под постојан говор на омраза кој никој не го санкционира. Имаме официјално негирање на сите нивоа, асимилација, дискриминација, нарушено право на мирни собирања. Од друга страна тажното е тоа што Македонија, наспроти својата уставна обврска да се грижи за македонското малцинство, нема направено ништо значајно, дури и го нема покренато официјално прашањето за нашето малцинство, ниту директно пред Софија, ниту како важен услов за ЕУ интеграцијата на Бугарија“, рече Стојко Стојков, ОМО „Илинден“ Пирин.

 

„Реалноста е дека има Македонци. Бугарија да собере сили, доблест и достоинство взаемно да се принзата и да се почитуваат македонскиот ии бугарскиот народ. Ние Македонците од ОМО „Илинден“ си ги сакаме нашите национални права во Пиринска Македонија и Бугарија, како што се изучување на македонска историја на македонски јазик. Да си ја запазиме нашата култура и традиција“,кажа Кирил Тилев, ОМО „Илинден“.

 

Како и секоја година оваа усвоена резолуција од денешната средба ќе се упати до сите надлежни државни органи на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи