Започнува исплатата за „МојДДВ“ за октомври, ноември и декември, кај граѓаните ќе се вратат 6,1 милион евра

Почнува процесот за исплаќање парите од Мој ДДВ за октомври, ноември и декември од 2020 година, соопшти Управата за јавни приходи.

 

Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за последното тримесечје од 2020,  ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

 

Во последното тримесечје од 2020 скенирани се 67. 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

 

Управата го почна проектот на 1 јули 2019 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи