Здравствениот систем кај нас има капацитет да реализира вакцинирање на 2000 до 2500 лица дневно, соопшти денес министерот за здравство, Венко Филипче.
На дневно ниво со работа на пукнтовите со полн капацитет се очекува да се вакцинирааат од 2000 до 2500 граѓани. Вакцината е во форма на претходно наполнет инјекциски шприц и со тоа на некој начин се олеснува апликацијата. За секој граѓанин кој што ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100.000 лица, соопшти Филипче.
Денес, исто така беше објавен и планот за вакцинација кој ќе се одвива во 3 фази.
Системот за вакцинација ќе биде преку „Мој термин“. Матичните лекари ќе имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти од списокот дали сакаат да се вакцинираат и откако „Мој термин“ ќе му определи термин на пациентот за вакцинација матичниот лекар ќе треба да го информира пациентот за тоа.
Освен преку матичните лекари, граѓаните ќе можат да се регистрираат за вакцинација и електронски преку веб-сајт кој ќе биде достапен следната недела, но повторно, терминот за вакцинација ќе биде преку матичниот лекар.