Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и сега ќе изнесува 32,884 ден/кг.
Со новите цени на бенините литар моторен бензин Еуросупер од 95 октани ќе чини 62,5 денари, а Еуросуперот од 98 октани ќе се продава за 64,5 денари. Дизелот ќе чини 53 денари за литар донеска мазутот 32,884 денари за килограм.