Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на британскиот сој на корона вирусот кај 45 лица. Во моментот, британскиот сој е најмногу присутен во Прилеп и Охрид, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.
„Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај 50 од овие пациенти“ – стои во соопштението.
Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.