„Gang“ е најновиот спот на прилепските хипхопери MART1N x MACRØ или Мартин Трајкоски и Михаил Јагуриноски. Со хип хоп се занимаваат околу половина година.
Мартин е 17 годишен рапер кој учи во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, како графички техничар, а додека Михаил е ученик во средното Државно музичко училиште во Битола, отсек клавир-инструменталец.
„Ние често пати заедно, но и како солисти, а и со други групи, во овие времиња на рестрикции за движење, забрани за јавни настапи и препораки за физичка дистанца, сепак успеваме и си го наоѓаме патот до публиката преку интернет каналите. Во реализацијата на нашата креативна жед, не можат да не спречат ни тешките услови во кои што твориме затоа што, како што може да се забележи и од нашата музика, поривот да се биде креативен е посилен од сите препреки“, велат Мартин и Михаил.
Во Прилог уште една песна на MART1N x MACRØ: