Владата и ја одзеде лиценцата за одгледување марихуана на крушевската фирма „5 Летерс“

На денешната седница на Влада на крушевската фирма „5 Летерс“ ѝ е одземена лиценцата за одгледување марихуана, потврдуваат добро упатени извори за „360 степени“.

 

Станува збор за фирма чие производство е лоцирано во крушевското село Алдинци, од која неодамна без украдени 60 килограми марихуана, а при увид беше пронајдена и непријавена количина канабис.

 

Кражбата во оваа фирма се случи во декември 2020, а меѓу тројцата осомничени е и роднина на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

 

По грабежот се направи и вонредна инспекција во оваа фирма. Следуваа уште неколку настани кои завршија со откритие на МВР дека ограбената „5 Летерс“ и самата го крши законот. Фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен, што е спротивно на закон. При претресот, полицијата одзема 18.301 растение канабис, кои биле спакувани во 247 вреќи. За управителот со иницијали К.Б. е поднесена кривична пријава.

 

„На 20 декември е извршен инспекциски надзор од надлежните тела и констатирани се неправилности, односно констатирано е дека е засаден канабис, а нема евиденција за тоа. Преземени се соодветни мерки и активности, документиран е случајот и на 26 јануари, по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес во ова правно лице и притоа се одземени 247 вреќи со канабис, компјутерска опрема и друга документација поврзана со истрагата. Претходниот ден, исто така, е направен и претрес на правното лице од која е одземена документација“, изјави тогаш Тони Ангеловски од МВР за „360 степени“.

 

Извор : „360 степени“

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи