УХМР предупредува: Денес пороен дожд и силен ветер од преку 70 километри на час, викендов минусни температури до – 12

Facebook
Twitter
Email
Print

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени.

 

Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

 

 

Поради продор на многу студена воздушна маса од север денеска попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи