Етничката припадност во личните карти е дел од предизборниот договор меѓу партијата Беса и СДСМ, Зоран Заев, а предлагачи во собраниската процедура се група пратеници од Беса. Денес премиерот Зоран Заев изјави дека се уште стојат на ставот за да се даде опција да се додаде етничка припадност на личните карти.
„Прво, согласно меѓународните стандарди, државјанството е обврска. Со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега сме на тој став, даваме опција да се впише и етничката припадност. Тоа значи дека покрај тоа што сме Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, можеме да се пишеме и како етнички Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми… Личната карта е пред сѐ документ за лична идентификација во земјава. Добро е што личната карта во регионот на Западен Балкан може да се користи и како патен документ за влез во Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Државата и навистина нѝ е мултиетничка и на граѓаните им е дадено правото во својата лична карта да ја имаат впишано и својата етничка припадност”, изјави Заев.