Обезбедено теренско возило за ТППЕ Крушево преку Агенцијата за управување со одземен имот

 

За Територијалната противпожарна единица ќе биде обезбедено теренско возило преку Агенцијата за управување со одземен имот. Возилото одговара на потребите на ТППЕ Крушево и истото во најбрз можен рок ќе биде доделено на Противпожарната единица.

 

„Преку Агенцијата за одземен имот добиваме теренско возило кое е соодветно за потребите на ТППЕ и со тоа дополнително ќе се опреми единицата. Покрај ова возило во тек е и набавка на нова опрема за вработените, а претходно беа покачени и платите во овој сектор. Продолжуваме со опремување на јавните служби за полесна работа, од една страна, и поефикасни услуги кон граѓаните.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Во изминатите години општината ја опреми ТППЕ со ново противпожарно возило, оспособување на постоечките возила, набавка на опрема за пожарникарите и друго.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи