Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 08 до 14 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 198 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 4 лица. Бројот на активни случаи изнесува 306. 31 лице се наоѓаат на болничко, 251 на домашно лекување, а 24 се лекуваат во дневната болница.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 224 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.842.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 243 лицa.