Повторно се отвораат Ковид центрите во Прилеп – се зголемува бројот на хоспитализирани лица

Забрзано се зголемува бројот на хоспитализирани лица од Ковид 19 во прилепската болница. Во инфективното одделение во моментов биле хоспитализирани 28 пациенти, а додека деновиве поради зголемената потреба повторно како Ковид центар е пренаменето одделението за уво, нос и грло, каде во моментов се сместени 17 пациенти.

 

Од прилепската болницата информираат дека ако продолжи овој тренд дел од Интерното одделение повторно ќе се преадаптира како Ковид центар.

 

Инаку само во периодот од 08 до 14 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 198 нови случаи на Ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи