Царовска: Сите конструктивни предлози беа вметнати во новиот концепт за основно образование

 

Во изминатиот период имавме дискусии и соработка со сите засегнати страни, и директори, и наставници, и академици, и професори од високо образование, претставници од граѓанските организации, но и со ученици. Целта на тие дискусии беше да разговараме за предлози за концепција за основно образование, изјави министерката за образование, Мила Царовска.

 

„Оние предлози кои што ги добивме, ако ја следевте јавната расправа во Собрание, дел од нив се прифатени и беа презентирани како такви. На тој начин, со сите прифатени коментари, и сугестии добронамерни, конструктивни, од страна на сите засегнати чинители, продолжуваме со соработка со цел имплементација на наставните програми и дидактичките материјали кои што треба да бидат во наредниот париод“, додаде Царовска.

 

Според министерката, сите конструктивни предлози биле вметната во новата концепција за основно образование, со што се продолжува унапредувањето на квалитетот на образованието во нашата држава.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи