Локалниот економски развој на секоја општина па и на општина Прилеп токму од ова зависи, дали имаме доволен број на кадри оспособени во сите стопански субјекти каде што има недостаток, изјави денес градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
„Во последните неколку години имаме доста недостаток од среден стручен кадар, посебно од техничкиот дел во голем дел од стопанските субјекти и компании и токму овој почеток на дуално образование кој се заговара во последно време, а исто така да напоменам дека ова е втора година во општина прилеп што тоа се прави и тоа во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде што имаме дуално образование на две струки, на два профила. Едниот е електротехничкиот дел, каде што имаме еден дел од електротехничката струка каде што учениците која ја посетуваат освен теоретското образование во своето училиште одат половина од своето учебно време во фирмите „Витаминка“ и „Гентерм“. Другиот профил е механичкиот дел, на машинство, каде 50% од своето учење после теоретскиот дел, практичниот дел го обавуваат во компанијата „Вик“. Ова е еден податок кој ме радува и мислам дека тоа е клучот на успехот и на компаниите каде што недостасува стручна работна сила и на средните училишта да продлжат да создаваат кадри во таа насока во идниот период“, рече Јованоски.
Според Јованоски, овој модел на работа на средните технички училишта и компаниите од бизнис секторот во Прилеп ќе вроди со плод во иднина.