По обилните врнежи на снег изминатиот викенд ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со тековно одржување на улиците и јавните површини.
Во пресрет на викендот, кога во Крушево се очекува наплив од турист, се работи на расчистување на паркинг простор околу хотелот Монтана Палас, кон скијачките терени и детското одморалиште. Се посолува и чисти патот кон манастирот св. Преображение како уште еден предел посетуван од граѓаните на Крушево и туристите.
„Комуна“ прави и тековно посолување на улиците во градот според потребите.
Изминатиот викенд „Комуна“ беше постојано на терен и ги расчистуваше улиците во град Крушево и сите населени места за да се обезбеди проодност.