ВИДЕО – Марко и Исидора од Прилеп покажаа како се сака и со гордост се чува мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Марко Јаков и Исидора Николоска, две деца на различна возраст, со различни интереси, но со една љубов кон мајчиниот јазик, докажаа, а и ни покажаа како треба да се сака и негува мајчиниот јазик, а притоа и ги презентираа историските факти за развојот на македонскиот јазик. Токму на Могилата на Непобедените, кај паднатите херои, тие снимија едно видео и го оживеаја македонскиот јазик кој низ историјата поминал низ многу огнени кругови низ кои се изгорел, но никогаш не се пеплосал.

 

Погледнете го ова прекрасно видео за македонскиот јазик.

 

 

 

 

 

Љубовта кон мајчиниот јазик е природна, но влијанието што мојата мајка како наставник по македонски јазик го изврши врз мене, секако ја интензивира и продлабочи љубовта. Уште од мала ме учеше  како правилно да се изразувам, ме учеше дека убавиот збор железни порти отвора и ја грее душата. И така јас малата Исидора сфатив дека јазикот е мојата татковина и јас мојата емоција за мајчиниот јазик често ја изразувам преку пишаниот збор и интерпретацијата на најубавите македонски песни од нашите великани“, истакна Исидора Николоска, за порталот Инфо Компас.

 

Со Исидора се имаме запознаено на многубројните натпревари за рецитирање кои биле организирани во нашиот град и секогаш сме се надмудрувале и докажувале меѓу нас, но секогаш имавме заедничка цел, а тоа беше љубовта кон пишаниот збор, па затоа ова видео за нас двајцата беше предизвик да го афирмираме и одбележиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“, потенцираше Марко Јаков, за порталот Инфо Компас..

 

 

Македонскиот јазик е нашиот мајчин јазик и тој е нашата единствена татковина! Овие млади покажаа дека тој на еден начин е и ген кој треба да се пренесува од генерација на генерација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи