Заклучно со денешната статистика, вкупната бројка на заразени од корона во Македонија се искачи на 99.917 заразени лица, а досега се починати 3085 лица.
Оваа статистика е многукратно поголема од првичната прогноза која ја даде министерот за здравство Венко Филипче на почеткот од пандемијата, односно 2500 заболени лица и околу 150 починати лица.
Најголем број на новозаразени лица беше забележан на 11 ноември минатата година кога со опасниот вирус се заразиле дури 1.321 лице во едно деноноќие, а „најцрн ден“ со најмногу изгубени пациенти, дури 41, е 28 ноември.
Во Прилеп ситуацијата повторно драматична. Официјалната бројка на новозаразени се движи од 30 до 40 пациенти секој ден, а според директорот на општата болница „Борка Талески“, Драган Богоески, бројката на новозаразени секој ден е уште поголема, односно 50 до 60, земајќи во предвид дека не сите граѓани се тестираат и се регистрираат како заболени.
Дали на Македонија и се заканува некој нов бран на корона вирусот?