Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 274 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 11 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 473.
59 лицa се наоѓаат на болничко, 367 на домашно лекување, а 47 се лекуваат во дневната болница.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 321 лица.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.116, а од вирусот починале 254 лица.