ВИДЕО – Тутунарите : Да не не замајуваат 5 дена со бегалецот, да ги решат реалните проблеми, ситуацијата е катастрофална

Иницијативниот одбор на тутунарите кој сега се инкорпорира во стариот Сојуз на тутунски здруженија бара државата да најде начин во најкус можен рок да се откупи вишокот на тутун кој во моментов бил околу 2 милиони килограми, а не да се продолжии рокот за откуп до 31 март. Според нив овие количини можеле да се откупат за 1 недела. Исто така се пожалија и тоа дека откупувачите не ги купувале долните берби.

 

 

„На терен ситуацијата катастрофална, сите комбинати откупуваат само горни берби, долните берби не се откупуваат. Луѓето си ги враќаат. Амбалажа не е поделена. Луѓето нема во што да го спакуваат тутунот. Дворовите и амбарите се полни со тутун. Апелираме до државата, да не не замајуваат 5 дена со еден бегалец, да се навратат на реалните проблеми кои се случуваат во државата“, рече Игор Мирчески, координатор на новите тутунарски здруженија.

 

Според тутунарите ако не се реши овој проблем со откуп на понеквалитетниот тутун неоткупени ќе останеле околу 1 милион килограми.

 

„Сега доаѓаме од терен Општина Долнени, катастрофа. Скоро секоја куќа има по 100 пакети непредаден тутун, откупите се повлекуваат од сите претпријатија. Ќе бидат приморани луѓето да го носат со километри, но ќе товарат 100 пакети, а дома ќе вратат 90 не се откупува понеквалитетниот тутун“, додаде Мирчески.

 

Досега биле откупени 24.800 тони тутун по просечна цена од 164 денари за килограм.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи