Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување

Facebook
Twitter
Email
Print

Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување лани се зголемил за 5 пати во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година. Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. Во своите полиси за здравствено осигурување лани граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 отсто повеќе од бруто полисираната премија (вредност на продадени полиси) во претходната година. Полисите за здравствено осигурување лани го продавале 10 компании за неживотно осигурување.

 

Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени.

 

Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување. Во споредба со 2019 година износот на бруто исплатени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 отсто.

 

АСО апелира до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.

 

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи