Пензионерите незадоволни од петтиот пакет мерки

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Пензионерскиот синдикат на Македонија го изразува своето незадоволство од последниот петти пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата.

 

„Очигледно е дека како старосна група пензионерите и постарите лица не се сметаат за група на која и е потребна помош а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско социјален статус во државата. Сметаме дека е направен пропуст и дека треба да се води сметка сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош. Во дел од соседните земји каде исто така се подготвуваа мерки за помош поради ковид пандемијата, пензионерите беа опфатени со сите мерки неколку пати додека пак кај нас пензионерите немаат пристап до мерките од државата што би значела помош пензионерите“, велат од Синдикатот.

 

Пензионерскиот синдикат бара да се врати начинот на усогласување на пензиите пред измените направени во декември 2018 година каде усогласувањето се вршеше согласно трошоците на живот и покачувањето на просечната нето плата исплатена во државата за претходните 6 месеци.

 

„Просечна плата во ноември 2020 год изнесува 27.588 ден., а ако пресметаме 60% ( според законот до 2018 година) просечна пензија би изнесувала 16.553 денари. Исто така сакаме да истакнеме и дека одредени институции постапуваат своеволно и не го почитуваат Уставот и Европската конвенција за човекови права на Меѓународната организација на трудот и не дозволуваат регистрација на синдикатот. Синдикатот е формиран уште во 2018 година и сеуште го бара остварување на правото да биде регистриран како Пензионерски синдикат на Македонија како што е случајот со соседните земји каде одамна се формирани и функционираат синдикатите на пензионерите и постарите лица. Синдикатот поради ваквите моментални состојби е приморан да се обрати и до одредени меѓународни институции во чии земји функционираат пензионерски синдикати со цел да ја изнесеме состојбата и да кажеме дека во Македонија не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со домашните и меѓународните законски прописи“, велат од Синдикатот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи