Денес пристигна втората пратка на вакцини на „Фајзер“ од Србија наменети за Македонија.
На примопредавањето беше присутен министерот Венко Филипче, заедно со неговиот колега од Србија, Златибор Лончар.
„Посебно ми е драго што можеме да им помогнеме на колегите, да имаме подобра здравствена состојба во регионот. Нашата цел е да продолжиме со помошта“, порача Лончар.