СЗЗ повикува на отворена трибина во недела – се покануваат Министерот за земјоделие, откупувачи, инспекторатот, тутунари

 

Во врска со вашите испратени предлог на договори, согласно со член 14 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, ние како СЗЗ на собранието одржано на ден 20.02.2021 год. донесовме одлука да овие предлог договори не ги прифаќаме и не се согласуваме истите да се потпишуваат, додека не се реши откупот на овогодинешната реколта, да се дооткупи целиот тутун, додека не се израмнат цените на договорите во сите фирми и додека не се седне да се разговара за нашиот предлог правилник.

 

Затоа ве покануваме на ден 28.02.2021 год. во 11:00 часот во „Хотел Кристал Палас“ на отворена трибина, вие сите откупувачите, министерот за земјоделие, претставници од министерството за земјоделие, од инспекторатот за земјоделие, Стопанската комора, ние како сојуз и тутунопроизводители. Ве замолуваме за оваа покана да не известите за вашето присуство, најдоцна до крајот на утрешниот ден.

 

Со почит,

Менде Стомнароски, претседател на СЗЗ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи