Вчера во 05.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на излез од Република Северна Македонија, бил лишен од слобода А.Р.(57) од Прилеп, со место на живеење во Велика Британија, поради приложен фалсификуван негативен ПЦР тест, соопштија од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.