Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на коронавирус, а од вчера бил префрлен во Инфективната клиника во Скопје.
Градоначалникот ги почувствувал првите симптоми во неделата вечерта, додека пак во понеделникот добил позитивен тест на коронавирус. Засега не е познато колку време ќе остане на лекување, а од општината информирале дека Христоски се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.
„Од почетокот на кризата со корона вирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и и не секогаш можеме да го избегнеме. Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова“, напиша Христоски на неговиот ФБ профил.