СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(53) од с.Долнени, прилепско, и Б.С.(66) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Пријавените лица кривичните дела ги извршиле во текот на јули 2020, така што направиле фиктивен купопродажен договор, како да е склучен на 15.07.2007 заверен кај нотар на истиот датум за продажба на трактор „имт 533“, со невистинита содржина, како да го склучиле Е.Ф. од с.Пршовце, тетовско, како продавач и Ф.А. од с.Џепчиште, тетовско, како купувач и тој купопродажен договор го употребиле при продажба на тракторот кон трето лице.