МАНУ го отфрли предлог-законот од Влада, не го менува името

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

МАНУ не го менува името. Собранието го отфрли Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. Претседателот на Собранието Талат Џаџери ја информирал Академијата дека законот се повлекува на барање на МАНУ.

 

Измените на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, чиј предлагач беше Владата, се однесуваат на името на МАНУ, па така во Законот за Македонската академија на науките и уметностите  насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“.

 

Набрзо по потпишувањето на Преспанскиот договор Владата им препорача на сите институции да си ги сменат имињата со новото име на државата. И повеќето го сторија тоа, но МАНУ одби. Но, не успеа и обидот да преку Собрание, со измени  на постоечкиот закон.

 

Со Законот за Македонската академија на науките и уметностите се уредуваат статусот, задачите, финансирањето, изборот на членови и нивните права, органите и организацијата на дејноста на Македонската академија на науките и уметностите. Академијата е највисока и самостојна научна и уметничка установа во Република Македонија. Академијата е јавна установа од особено значење за Републиката.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи