На 24.02.2021 во 10.00 часот во ОВР Прилеп, М.Ј.(45) од Прилеп пријавил дека бил измамен од С.Ш. за сума од околу 344.000 денари. Според пријавеното, на почетокот на ноември 2020 година на неколку средби на лицето му дал вкупно 344.600 денари, но досега не била реализирана ветената услуга и тој се посомневал дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.