На 24.02.2021 во 12.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во периодот од 14.02.2021 до 24.02.2021 непознат сторител со употреба на тврд предмет и физичка сила влегол во магацин, сопственост на „11-ти Октомври-Еурокомпозит“ на ул.„Моша Пијаде“ во Прилеп и одзел повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.