Џафери со опомена: Сите пратеници имаат обврска да дојдат на работа

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Собранието на Република Македонија не се знае кога ќе ја одржи првата наредна седница. Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери денеска на средба со новинарите не прецизираше кога ќе ја закаже новата седница, а последната што започна и не беше изгласан дневниот ред поради немање кворум беше на 16-ти февруари.

 

Причини за неможноста да се одржи седница има неколку, и тоа недоаѓање на сите пратеници од владејачкото мнозинство – СДСМ и ДУИ на седниците поради коронакризата или други лични причини, проблемот во пратеничката група на ДУИ, како и противењето на опозициските партии да присуствуваат на седниците и да прават кворум за работа на Парламентот.

 

Џафери на денешната средба со новинарите најави разврска на ваквите случувања во Собранието, особено за намерно недоаѓање на седниците од страна на пратениците од владејачкото мнозинство односно поконкретно од пратеничката група на ДУИ.

 

„Сите пратеници имаат обврска да дојдат на работа, а калкулациите се друга работа. Мислам ќе има разврска“, рече Џафери.

 

Претседателот на Собранието потенцира дека навреме ги информира пратениците за доставените закони и за одржувањето на седниците, а се друго е лична одговорност.

 

 „И Деловникот и Уставот е таков, пратеникот не може да се повикува на одговорност за начинот на работа и општење по однос на функцијата. Пратеникот може самиот да се изјасни како ќе настапува понатаму. Е сега никој не кажува дека од ДУИ некој излегува како самостоен или независен. Тоа право го има секој од пратениците. Тоа не може никој да го казнува. А од друга страна да делувам како пратеник од таа пратеничка група, а да не доаѓам, е тоа веќе е лична одговорност“, рече Џафери.

 

Претседателот на Собранието потврди дека ги добил известувањата од пратениците од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојскоски, и од Павле Трајанов од ДС дека ќе делуваат независно од пратеничката група која ја предводи СДСМ, но рече дека нема најави или пак формално известување дека ќе се формира нова пратеничка група.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи