Утре преку денот ќе се задржи сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Во утринските часови по одделни котлини ќ еима појава на магла и ниска облачност.
Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дув аумерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи да дува и во наредните два дена.
Од недела ќе има позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.