Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа, на крстосница од булеварот „Мајка Тереза” со улицата „Елисие Поповски-Марко”, патничко возило марка „БМВ х6″, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од скопското село Сингелиќ, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Пешакот е хирургот Ѓорѓи Јота кој после несреќата во бесознание бил пренесен во Ургентиот центар.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека докторот Јота има повреди на мозокот и нагмечено белодробно крило и дека бил ставен на респираторна машина.