ВИДЕО – Ристоски: Државата е доведена до амбис, не можеме да продолжиме повеќе вака

 

Денес во Прилеп се избра ново раководство на ОК на МААК во новите партиски простории во градот. За претседател е избран Александар Ристоски, а за негов заменик Крешимир Здравески – Крешо. Избрани беа и членови на новото партиско раководство на општинскиот комитет.

„Со оглед на денешните случувања, но и претходно како што кажа претседателот на МААК, гледаме дека политичката сцена кај нас е веќе појдена до голем амбис со владеењето на моменталните власти. Затоа сум јас веќе 29 години во истата партија, бев како претседател на младинците, сега дојдовме да ја раководиме оваа партија во нашиот град, заедно со моите колеги, мојот заменик претседател Крешимир Крешо Здравески, Марко Велјаноски како секретар и други.

 Сакаме да покажеме дека ова повеќе не може вака да оди, заради тоа што како демократија и во демократско општество ние веќе не живееме, заради тоа што демократија самиот збор е двата старогрчки збора, демос кој што значи народ и кратија владеење, односно управување и помагање на народот. Кај нас е веќе обратно сето, со тоа што народот работи само за тие политичари, а претходно било обратно. Не можеме повеќе да одиме, сакаме да ги покажеме нашите заби, нашата јачина.

 Ги поканувам старите членови на МААК кои добро ме познаваат, се добредојдени во секое време и секој еден без разлика на вероисповест може да дојде во овој комитет, да присуствува и заедно да работиме за Македонија“, рече претседателот на ОК на МААК во Прилеп, Александар Ристоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи