Според податоци на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси, минатата година, бројот на пристигнувања по копнен пат од Македонија во Грција заради пандемијата се намалил на 500.000, што е пад од 84,5% во споредба со над 3 милиони пристигнувања во 2019 година.
Подетално, во 2019 година, биле регистрирани вкупно 3.250.120 пристигнувања по копнен пат наспроти 503.894 лани, од кои 311.706 пристигнувања се во јануари и февруари. Во јануари регистрирани биле 149.020 пристигнувања, за 90.8 проценти повеќе од истиот месец во 2019 година, во февруари 162.686, речиси на исто ниво како и една година претходно, а падот започнува од месец март, по воведените први рестрикции, по што следат два месеци кога границите целосно беа затворени.