Захариева: Во Македонија има над 100 илјади граѓани со бугарско државјанство кои се заплашувани

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Екатерина Захариева, вицепремерка и министерка за надворешни работи на Бугарија за БНТ изјавува дека во Македонија има над 100 илјади граѓани со бугарско државјанство кои понекогаш се заплашувани и дека е недопустливо во 21 век да не се признава правото на самоопределување.

„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени поради тоа што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 година. Сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување. Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат правата на самоопределување“, истакнува Захариева.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи