Пендаровски: Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека безбедносните служби треба да преземат соодветни мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани од дијаспората, кои се цел на напади, притоа мислејќи на Македонија, со реакција излезе и македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој истакна дека тоа е мешање во внатрешните работи на државава.

„Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО. Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава“, се вели во реакцијата.

Засега претседателот нема добиено ниту една информација од институциите за кршење на човековите слободи и права на македонски државјани само зашто ја декларирале својата етничка припадност.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи