Платформата за родова еднаквост на 8. Март организира протестен марш со цел да упати порака и да побара од институциите темелно расчистување на случајот „Јавна соба“.
Маршот ќе започне во 15 часот пред Министерството за внатрешни работи, а ќе заврши во Парк Жена Борец.
„Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство. Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме институциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања“ велат од платформата.
Оние што сакаат да присуствуваат на маршот, се повикани да се облечат целосно во црно, како израз на гнев и револт.