За неколку години би требало да започне изградбата на првиот хотел во вселената.
Компанијата „Орбитал асембли“, основана пред три години, планира да започне со изградба на „Војаџер станицата“ во ниската орбита на Земјата во 2025 година и верува дека нејзиното меѓуѕвездено одморалиште може да започне со работа во 2027 година, објави „Дејли меил“.
Гостите ќе имаат на располагање најразлични објекти на бродот, вклучувајќи тематски ресторани, сауна, кино, спортски сали, библиотеки, концерти, салони и барови со поглед на Земјата, со соби за 400 луѓе . Екипажот, просториите за воздух, вода и електрична енергија, исто така, ќе бидат дел од вселенскиот брод.
Хотелот, наводно, ќе кружи околу Земјата на секои 90 минути, а ротацијата ќе создаде вештачка гравитација слична на таа на Месечината. Трошоците за изградба не биле обелоденети.